Основање фирма во Северна Македонија: водич чекор по чекорStarting a company in North Macedonia: a step-by-step guideThemelimi i një kompanie në Maqedoninë e Veriut: udhëzues hap pas hapi

Имате идеја, имате план, можеби веќе го имате и првиот клиент. Останува уште еден чекор: фирмата да постои и формално. Добрата вест е дека во Северна Македонија регистрацијата е електронска и, кога документите се уредно подготвени, во пракса целата постапка трае неколку дена. Во овој водич ќе прочитате кој може да основа фирма, кој облик да изберете, што треба да подготвите и што ве чека по регистрацијата.
Кој може да основа фирма
Фирма можат да основаат домашни и странски физички лица, како и домашни и странски правни лица, под исти услови. Во едно друштво можат да има и домашни и странски основачи, а едно лице може да биде основач на повеќе друштва.
Законот за трговските друштва (член 29) предвидува и пречки. Основач не може да биде, на пример, лице правосилно осудено за лажен стечај, лице на кое му е изречена забрана за вршење дејност додека трае забраната, или правно лице чија сметка е блокирана.
ДООЕЛ или ДОО?
Законот познава пет облици на трговски друштва: јавно трговско друштво, командитно друштво, друштво со ограничена одговорност, акционерско друштво и командитно друштво со акции. Во практиката најчесто се избира друштво со ограничена одговорност, бидејќи содружниците не одговараат со својот личен имот за обврските на друштвото.
- ДООЕЛ е друштво со ограничена одговорност со еден содружник.
- ДОО има двајца или повеќе содружници, а нивните односи се уредуваат со договор за друштвото.
- ПДОО (поедноставено друштво со ограничена одговорност) е облик наменет за почетници и мали бизниси: основна главнина од само 1 евро, најмногу тројца основачи кои можат да бидат само физички лица, а еден од нив е управител.
Што да подготвите пред регистрацијата
- Назив. Се состои од опис на дејноста, главен назив, облик и град, на пример: Друштво за трговија и услуги ПРИМЕР ДООЕЛ Скопје. Скратениот назив е ПРИМЕР ДООЕЛ Скопје.
- Седиште. Точна адреса на која друштвото прима пошта. Сите службени писма доставени на таа адреса се сметаат за примени.
- Основна главнина. За ДОО и ДООЕЛ најмалку 5.000 евра во денарска противвредност. Влогот може да биде паричен или непаричен (опрема, возило, недвижност); непаричниот влог по правило го проценува овластен проценувач. Влогот не мора да се внесе пред регистрацијата: законот дозволува паричниот влог да се уплати, а непаричниот да се внесе, во рок од една година од уписот.
- Содружници и удели. Кај ДОО содружниците сами договараат колкав удел има секој од нив.
- Управител. Деловно способно физичко лице, кое може да биде и самиот основач. Овластувањата на управителот се определуваат во основачкиот акт.
- Претежна дејност. Шифра од Националната класификација на дејности. Може да се запише и општа клаузула за бизнис, со која друштвото може да врши и други дејности за кои не е потребна посебна дозвола.
- Е-пошта на друштвото и банка во која ќе се отвори првата сметка.
Потребни документи
- Изјава за основање (за ДООЕЛ) или договор за друштвото (за ДОО).
- Изјава дека не постои пречка за основачот (член 29 од Законот за трговските друштва).
- Изјава за дејствијата преземени при основањето (член 32 од Законот за трговските друштва).
- Изјава на управителот дека го прифаќа изборот.
- Копија од лична карта за домашните основачи.
- За странски основачи: копија од пасош заверена кај нотар и превод на македонски јазик заверен од судски преведувач.
- Доказ за регистрација, ако основач е правно лице.
- Ако се внесува непаричен влог: извештај за проценка и доказ за сопственост.
Регистрација во Централниот регистар
Пријавата и документите се поднесуваат електронски, преку системот на Централниот регистар. Пријавата ја поднесува регистрационен агент - адвокат. По уредна пријава, Централниот регистар донесува решение за упис, а друштвото добива единствен матичен број (ЕМБС) и даночен број (ЕДБ). Од тој момент фирмата постои.
Што следува по регистрацијата
- Вистински сопственик. Во рок од 15 дена од уписот, податоците за вистинскиот сопственик се внесуваат во Регистарот на вистински сопственици (член 31 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам). Вистински сопственик е физичкото лице кое, непосредно или посредно, поседува повеќе од 25% од друштвото или има контрола над него.
- Банкарска сметка. Управителот ја отвора во банката наведена при регистрацијата.
- Сметководство. Друштвото води деловни книги и поднесува даночни пријави, па вреди сметководителот да се избере уште на почетокот.
- Вработени. Секој вработен се пријавува во задолжително социјално осигурување пред да почне со работа.
Фирма на странец
Странците основаат фирма под исти услови како домашните лица, а бидејќи постапката е електронска, документите можат да се потпишат пред регистрационен агент без чекање во редици. Сепак, самото основање на фирма не дава право на престој. За престој е потребна посебна постапка, на пример по основ на вработување; потребните документи ги опишавме во објавата Дозвола за престој на странец во РС Македонија (вработување).
Ви треба помош?
За повеќе информации или за помош при основање на фирма, обратете ни се преку формата за контакт, на телефонскиот број +389 75 851 918 или на е-пошта info@lexteam.mk.
You have an idea, a plan, perhaps even your first client. One step remains: making the company exist on paper. The good news is that in North Macedonia registration is electronic and, when the documents are properly prepared, in practice the whole procedure takes a few days. This guide explains who can set up a company, which legal form to choose, what to prepare and what comes after registration.
Who can set up a company
Domestic and foreign individuals, as well as domestic and foreign legal entities, can set up a company under the same conditions. A company may have both domestic and foreign founders, and one person may found several companies.
The Law on Trade Companies (Article 29) also sets out restrictions. For example, a person convicted of fraudulent bankruptcy, a person banned from carrying out an activity while the ban lasts, or a legal entity whose bank account is blocked cannot be a founder.
DOOEL or DOO?
The law recognises five forms of trade companies: general partnership, limited partnership, limited liability company, joint stock company and partnership limited by shares. In practice the limited liability company is chosen most often, because its members are not liable for the company's obligations with their personal assets.
- DOOEL is a limited liability company with a single member.
- DOO has two or more members, whose relations are governed by a company agreement.
- PDOO (simplified limited liability company) is a form intended for start-ups and small businesses: share capital of only EUR 1, no more than three founders, who may only be natural persons, one of whom is the manager.
What to prepare before registration
- Company name. It consists of a description of the activity, the main name, the legal form and the city, for example: Company for trade and services PRIMER DOOEL Skopje. The short name is PRIMER DOOEL Skopje.
- Registered office. An exact address where the company receives mail. All official letters delivered to that address are deemed received.
- Share capital. For a DOO or DOOEL at least EUR 5,000 in denar equivalent. Contributions may be in cash or in kind (equipment, a vehicle, real estate); an in-kind contribution is as a rule valued by an authorised appraiser. Contributions do not have to be made before registration: the law allows cash contributions to be paid, and in-kind contributions to be made, within one year of registration.
- Members and shares. In a DOO the members agree among themselves on each member's share.
- Manager. A natural person with full legal capacity, who may also be the founder. The manager's powers are set in the founding act.
- Main activity. A code from the National Classification of Activities. A general business clause may also be registered, allowing the company to carry out other activities that do not require a special licence.
- Company e-mail and the bank where the first account will be opened.
Documents required
- Founding statement (for a DOOEL) or company agreement (for a DOO).
- Statement that there is no restriction for the founder (Article 29 of the Law on Trade Companies).
- Statement on the steps taken to found the company (Article 32 of the Law on Trade Companies).
- Statement by the manager accepting the appointment.
- Copy of the ID card for domestic founders.
- For foreign founders: a copy of the passport certified by a notary and a translation into Macedonian certified by a court interpreter.
- Proof of registration if a founder is a legal entity.
- For an in-kind contribution: the valuation report and proof of ownership.
Registration with the Central Register
The application and documents are submitted electronically through the Central Register system. The application is filed by a registration agent, an attorney. Once a complete application is filed, the Central Register issues a registration decision and the company receives its company registration number (EMBS) and tax number (EDB). From that moment the company exists.
After registration
- Beneficial owner. Within 15 days of registration, the beneficial owner's details must be entered in the Register of Beneficial Owners (Article 31 of the Law on the Prevention of Money Laundering and Financing of Terrorism). The beneficial owner is the natural person who directly or indirectly owns more than 25% of the company or controls it.
- Bank account. The manager opens it at the bank named during registration.
- Accounting. The company keeps books and files tax returns, so it is worth choosing an accountant from the start.
- Employees. Each employee must be registered for compulsory social insurance before starting work.
Companies founded by foreign nationals
Foreign nationals set up companies under the same conditions as domestic persons, and since the procedure is electronic, the documents can be signed before a registration agent without queues. However, founding a company does not in itself give the right to reside in the country. Residence requires a separate procedure, for example on the basis of employment; the required documents are described in our post Residence permit for foreign nationals in North Macedonia: employment.
Need help?
For more information or help with setting up a company, contact us through the contact form, by phone at +389 75 851 918 or by e-mail at info@lexteam.mk.
Keni një ide, një plan, ndoshta edhe klientin e parë. Mbetet edhe një hap: që kompania të ekzistojë edhe formalisht. Lajmi i mirë është se në Maqedoninë e Veriut regjistrimi bëhet në mënyrë elektronike dhe, kur dokumentet janë përgatitur si duhet, në praktikë e gjithë procedura zgjat disa ditë. Në këtë udhëzues do të lexoni kush mund të themelojë kompani, cilën formë të zgjidhni, çfarë duhet të përgatitni dhe çfarë ju pret pas regjistrimit.
Kush mund të themelojë kompani
Kompani mund të themelojnë persona fizikë vendas dhe të huaj, si dhe persona juridikë vendas dhe të huaj, me kushte të njëjta. Një shoqëri mund të ketë themelues vendas dhe të huaj, dhe një person mund të jetë themelues i disa shoqërive.
Ligji për shoqëritë tregtare (neni 29) parashikon edhe pengesa. Për shembull, nuk mund të jetë themelues personi i dënuar me vendim të formës së prerë për falimentim të rremë, personi të cilit i është shqiptuar ndalim i ushtrimit të veprimtarisë gjatë kohës së ndalimit, ose personi juridik me llogari të bllokuar.
DOOEL apo DOO?
Ligji njeh pesë forma të shoqërive tregtare: shoqëria tregtare publike, shoqëria komandite, shoqëria me përgjegjësi të kufizuar, shoqëria aksionare dhe shoqëria komandite me aksione. Në praktikë më së shpeshti zgjidhet shoqëria me përgjegjësi të kufizuar, sepse ortakët nuk përgjigjen me pasurinë e tyre personale për detyrimet e shoqërisë.
- DOOEL është shoqëri me përgjegjësi të kufizuar me një ortak.
- DOO ka dy ose më shumë ortakë, marrëdhëniet e të cilëve rregullohen me marrëveshje për shoqërinë.
- PDOO (shoqëri e thjeshtuar me përgjegjësi të kufizuar) është formë e menduar për fillestarët dhe bizneset e vogla: kapital themelor vetëm 1 euro, jo më shumë se tre themelues, të cilët mund të jenë vetëm persona fizikë, dhe njëri prej tyre është drejtues.
Çfarë të përgatitni para regjistrimit
- Emri. Përbëhet nga përshkrimi i veprimtarisë, emri kryesor, forma dhe qyteti, për shembull: Shoqëri për tregti dhe shërbime PRIMER DOOEL Shkup. Emri i shkurtuar është PRIMER DOOEL Shkup.
- Selia. Adresë e saktë ku shoqëria pranon postën. Të gjitha shkresat zyrtare të dorëzuara në atë adresë konsiderohen të pranuara.
- Kapitali themelor. Për DOO dhe DOOEL së paku 5.000 euro në kundërvlerë në denarë. Kontributi mund të jetë në para ose në natyrë (pajisje, automjet, pasuri e paluajtshme); kontributin në natyrë si rregull e vlerëson vlerësues i autorizuar. Kontributi nuk duhet të jepet para regjistrimit: ligji lejon që kontributi në para të paguhet, ndërsa ai në natyrë të futet, brenda një viti nga regjistrimi.
- Ortakët dhe pjesët. Te DOO ortakët merren vesh vetë për pjesën e secilit.
- Drejtuesi. Person fizik me zotësi të plotë veprimi, i cili mund të jetë edhe vetë themeluesi. Autorizimet e drejtuesit përcaktohen në aktin e themelimit.
- Veprimtaria kryesore. Kod nga Klasifikimi Kombëtar i Veprimtarive. Mund të regjistrohet edhe klauzolë e përgjithshme biznesi, me të cilën shoqëria mund të kryejë edhe veprimtari të tjera për të cilat nuk nevojitet leje e veçantë.
- E-posta e shoqërisë dhe banka ku do të hapet llogaria e parë.
Dokumentet e nevojshme
- Deklaratë për themelim (për DOOEL) ose marrëveshje për shoqërinë (për DOO).
- Deklaratë se nuk ka pengesë për themeluesin (neni 29 i Ligjit për shoqëritë tregtare).
- Deklaratë për veprimet e ndërmarra gjatë themelimit (neni 32 i Ligjit për shoqëritë tregtare).
- Deklaratë e drejtuesit se e pranon zgjedhjen.
- Kopje e letërnjoftimit për themeluesit vendas.
- Për themeluesit e huaj: kopje e pasaportës e vërtetuar te noteri dhe përkthim në gjuhën maqedonase i vërtetuar nga përkthyes gjyqësor.
- Dëshmi regjistrimi, nëse themeluesi është person juridik.
- Për kontribut në natyrë: raporti i vlerësimit dhe dëshmia e pronësisë.
Regjistrimi në Regjistrin Qendror
Kërkesa dhe dokumentet dorëzohen në mënyrë elektronike përmes sistemit të Regjistrit Qendror. Kërkesën e dorëzon agjenti i regjistrimit, avokati. Pas kërkesës së plotë, Regjistri Qendror nxjerr aktvendim për regjistrim dhe shoqëria merr numrin amë (EMBS) dhe numrin tatimor (EDB). Nga ai moment kompania ekziston.
Çfarë vijon pas regjistrimit
- Pronari i vërtetë. Brenda 15 ditëve nga regjistrimi, të dhënat për pronarin e vërtetë futen në Regjistrin e pronarëve të vërtetë (neni 31 i Ligjit për parandalimin e pastrimit të parave dhe financimit të terrorizmit). Pronar i vërtetë është personi fizik që, drejtpërdrejt ose tërthorazi, zotëron më shumë se 25% të shoqërisë ose ka kontroll mbi të.
- Llogaria bankare. E hap drejtuesi në bankën e shënuar gjatë regjistrimit.
- Kontabiliteti. Shoqëria mban libra afariste dhe dorëzon deklarata tatimore, prandaj ia vlen që kontabilisti të zgjidhet që në fillim.
- Të punësuarit. Çdo i punësuar regjistrohet në sigurimin e detyrueshëm shoqëror para se të fillojë punën.
Kompani e themeluar nga i huaj
Të huajt themelojnë kompani me kushte të njëjta si personat vendas dhe, meqë procedura është elektronike, dokumentet mund të nënshkruhen para agjentit të regjistrimit pa pritje në radhë. Megjithatë, vetë themelimi i kompanisë nuk jep të drejtë qëndrimi. Për qëndrim nevojitet procedurë e veçantë, për shembull në bazë të punësimit; dokumentet e nevojshme i përshkruam në postimin Leje qëndrimi për të huajt në Maqedoninë e Veriut: punësim.
Ju duhet ndihmë?
Për më shumë informacion ose për ndihmë gjatë themelimit të kompanisë, na kontaktoni përmes formularit të kontaktit, në numrin e telefonit +389 75 851 918 ose në e-postën info@lexteam.mk.
Напомена: Оваа објава не претставува правен совет и не може да се смета за упатство за постапување во конкретен случај. Доколку сакате правно советување, закажете консултација преку формата за контакт или на телефонскиот број +389 75 851 918.
Област на работаТрговско правоCommercial lawE drejta tregtare
