Странци и дозволи за престој

Дозвола за престој на странец во РС Македонија (упатен работник)

Илустрација: Дозвола за престој на странец во РС Македонија (упатен работник)

Потребни документи за упатен работник: прво поднесување

  1. Барање за издавање/продолжување на дозволата за привремен престој, образец бр. 2, со уплатница од 50 денари за административна такса.
  2. Копија од патна исправа заверена кај нотар и превод на патната исправа заверен кај нотар.
  3. Доказ за регистрација, односно упис на странското правно лице, филијалата или друга организациска деловна единица во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
  4. Доказ дека упатениот работник најмалку една година е во работен однос и е пријавен во задолжително социјално осигурување од страна на странскиот работодавач.
  5. Акт за упатување на работникот на времена работа во организациската единица, односно договор на странецот со клиент од Република Северна Македонија за давање конкретни услуги.
  6. Двојазичен образец за соодветно социјално, односно здравствено осигурување за упатени работници, согласно ратификуваните билатерални договори за социјално осигурување.
  7. Доказ за соодветно социјално осигурување на странецот од матичната држава или доказ за соодветно здравствено осигурување, согласно прописите во Република Северна Македонија.
  8. Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан или куќа, доказ за сопственост на стан или куќа доколку поседува, договор/потврда за користење услуги за сместување од правни лица кои вршат угостителска дејност.
  9. Доказ дека е неосудуван и дека не се води кривична постапка против странецот во државата во која престојувал во годината пред поднесување на барањето, со документи што се издаваат во зависност од државата.
  10. Картонче од полициска станица за пријавена адреса (се доставува кога лицето ќе биде повикано за фотографирање).

Потребни документи за упатен работник: продолжување

  1. Барање за издавање/продолжување на дозволата за привремен престој, образец бр. 2, со уплатница од 50 денари за административна такса.
  2. Копија од патна исправа заверена кај нотар и превод на патната исправа заверен кај нотар.
  3. Доказ за регистрација, односно упис на странското правно лице, филијалата или друга организациска деловна единица во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
  4. Доказ дека упатениот работник најмалку една година е во работен однос и е пријавен во задолжително социјално осигурување од страна на странскиот работодавач.
  5. Акт за упатување на работникот на времена работа во организациската единица, односно договор на странецот со клиент од Република Северна Македонија за давање конкретни услуги.
  6. Двојазичен образец за соодветно социјално, односно здравствено осигурување за упатени работници, согласно ратификуваните билатерални договори за социјално осигурување.
  7. Доказ за соодветно социјално осигурување на странецот од матичната држава или доказ за соодветно здравствено осигурување, согласно прописите во Република Северна Македонија.
  8. Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан или куќа, доказ за сопственост на стан или куќа доколку поседува, договор/потврда за користење услуги за сместување од правни лица кои вршат угостителска дејност.
  9. Копија од претходното решение и дозволата за престој (лична карта).

Поднесување и такси

  • Документите се поднесуваат во Приемно одделение, канцеларија 901 (зграда на МРТВ, 9 кат), во вторник и четврток од 10:00 до 15:00 часот, подредени по горенаведениот редослед.
  • Барањето може да го поднесе лично странецот, адвокат со полномошно или вработен во фирмата како правник.
  • Кога лицето ќе биде повикано да го подигне решението и да се фотографира, се плаќа такса од 4.000,00 денари и такса од 2.150,00 денари.
  • Државјаните на Србија, Црна Гора и Косово плаќаат само 4.000,00 денари.

Напомена: Оваа објава не претставува правен совет и не може да се смета за упатство за постапување во конкретен случај. Доколку сакате правно советување, закажете консултација преку формата за контакт или на телефонскиот број +389 75 851 918.

Област на работаСтранци и дозволи за престој

Имате слично правно прашање?

Опишете ја ситуацијата и ќе ве поврземе со вистинскиот адвокат од тимот.

Закажи консултација