Странци и дозволи за престој

Дозвола за престој на странец во РС Македонија (студирање)

Илустрација: Дозвола за престој на странец во РС Македонија (студирање)

Потребни документи за студирање: прво поднесување

  • Барање за издавање/продолжување на дозволата за привремен престој, образец бр. 2, со уплатница од 50 денари административна такса.
  • Потврда дека лицето е запишано како редовен студент.
  • Копија од патната исправа заверена кај нотар, со превод на патната исправа заверен кај нотар.
  • Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан или куќа, доказ за сопственост на стан/куќа ако лицето поседува, или договор/потврда за користење сместувачки услуги од правно лице кое врши угостителска дејност.
  • Здравствено осигурување (полиса или друг документ со кој се потврдува дека барателот има обезбедено здравствено осигурување).
  • Доказ за обезбедени средства за егзистенција: дека издржувањето е обезбедено на законски начин, на пр. извод од сметка во банка, доказ за работен однос, договор за вработување, потврда од работодавач, образец М1/М2, доказ за месечни приходи, изјава од родители или друг доказ (чек за пензија, извештај од плата и сл.).
  • Доказ дека лицето не е осудувано и дека не се води кривична постапка против него во државата во која престојувало во годината пред поднесување на барањето, издаден од надлежен орган на таа држава (оригинал).

Потребни документи за студирање: продолжување

  • Барање за издавање/продолжување на дозволата за привремен престој, образец бр. 2, со уплатница од 50 денари административна такса.
  • Потврда дека лицето е запишано како редовен студент.
  • Копија од патната исправа заверена кај нотар и превод на патната исправа заверен кај нотар.
  • Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан или куќа, доказ за сопственост на стан или куќа доколку поседува, договор/потврда за користење услуги за сместување од правни лица кои вршат угостителска дејност.
  • Здравствено осигурување (полиса или друг документ со кој се потврдува дека барателот има обезбедено здравствено осигурување).
  • Доказ за обезбедени средства за егзистенција (извод од сметка во банка, доказ за работен однос, договор за вработување, потврда од работодавач и М1/М2, доказ за месечни приходи, изјава од родители со доказ за егзистенција, на пр. чек од пензија или извештај од плата).
  • Копија од претходното решение и дозволата за престој (лична карта).

Поднесување и такси

  • Документите се поднесуваат во Приемно одделение, канцеларија 901 (зграда на МРТВ, 9 кат), во вторник и четврток од 10:00 до 15:00 часот, подредени по наведениот редослед.
  • Барањето мора да го поднесе лично странецот.
  • Кога лицето ќе биде повикано да го подигне решението и да се фотографира за лична карта, се плаќа такса од 4.000,00 денари и такса од 2.150,00 денари. Апликантите од Србија, Црна Гора и Косово плаќаат само 4.000,00 денари.

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатено или разбрано како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се разгледаат посебно, и затоа за правен совет Ви препорачуваме да контактирате стручно лице, адвокат.

Област на работаСтранци и дозволи за престој

Имате слично правно прашање?

Опишете ја ситуацијата и ќе ве поврземе со вистинскиот адвокат од тимот.

Закажи бесплатна консултација