Странци и дозволи за престој

Дозвола за престој на странец во РС Македонија (семејно обединување)

Илустрација: Дозвола за престој на странец во РС Македонија (семејно обединување)

Доколку сте странец кој престојува во РС Македонија и сакате да го регулирате престојот на вашето семејство, или веќе сте во постапка и треба да го продолжите престојот, подолу се листите на потребни документи.

1. Семејно обединување: прво поднесување

За лицата кои прв пат поднесуваат барање за привремен престој по основ на семејно обединување, потребни се следните документи:

  1. Барање за издавање дозвола за привремен престој (образец бр. 2) со уплатница од 50 денари за административна такса.
  2. Копија од патна исправа заверена кај нотар и превод на патната исправа заверен кај нотар.
  3. Копија од венчаница (оригинал или заверен препис) со превод заверен кај нотар.
  4. Копија од извод од матична книга на родени (оригинал или заверен препис) со превод заверен кај нотар.
  5. Копија од решението за престој и копија од дозволата за престој на сопругот/родителот.
  6. Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан/куќа, доказ за сопственост или потврда за користење услуги за сместување од правни лица.
  7. Доказ дека е неосудуван и дека не се води кривична постапка против странецот во државата каде престојувал во годината пред поднесувањето (оригинал).
  8. Картонче од полициска станица за пријавена адреса (се доставува подоцна, при фотографирање).

2. Семејно обединување: продолжување на престој

Доколку веќе поседувате дозвола и треба да ја продолжите, потребно е:

  1. Барање (образец бр. 2) со уплатница од 50 денари.
  2. Копија од патна исправа заверена кај нотар, со превод исто така заверен кај нотар.
  3. Копија од венчаница (оригинал или заверен препис) со превод заверен кај нотар.
  4. Копија од извод од матична книга на родени (оригинал или заверен препис) со превод заверен кај нотар.
  5. Копија од решението и од дозволата за престој на сопругот/родителот (покровител).
  6. Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан/куќа, доказ за сопственост или потврда за користење услуги за сместување од правни лица.
  7. Здравствено осигурување (полиса или друг документ како доказ).
  8. Доказ за обезбедени средства за егзистенција: извод од банка, потврда за работен однос, договор за вработување, М1/М2, потврда за приходи или изјава од родители со доказ за нивната егзистенција (пензија, плата).
  9. Копија од претходното решение и претходната дозвола за престој (лична карта за странци).

Поднесување и такси

  • Место: документите се поднесуваат во Приемно одделение, канцеларија 901, зграда на МРТВ, 9 кат.
  • Редослед: документите мора да бидат подредени по горенаведениот редослед.
  • Работно време: вторник и четврток од 10:00 до 15:00 часот.
  • Кој поднесува: барањето може да го поднесе лично странецот или неговиот покровител.
  • Такси (се плаќаат при подигање на решението): 4.000 денари и 2.150 денари (за изработка на картичка). Државјаните на Србија, Црна Гора и Косово плаќаат вкупно само 4.000 денари.

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатено или разбрано како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се разгледаат посебно, и затоа за правен совет Ви препорачуваме да контактирате стручно лице, адвокат.

Област на работаСтранци и дозволи за престој

Имате слично правно прашање?

Опишете ја ситуацијата и ќе ве поврземе со вистинскиот адвокат од тимот.

Закажи бесплатна консултација