Област на работа

Трговско право

Основање трговски друштва, промени во Централниот регистар, статусни измени, трговски спорови, ликвидација, стечај и индустриска сопственост.

Трговското право ги опфаќа основањето, работењето, статусните промени и престанокот на трговските друштва. Даваме правна поддршка на трговци поединци и на трговски друштва од различна големина: од основање и регистрација на промени, преку статусни измени и трговски спорови, до ликвидација, стечај и заштита на индустриската сопственост.

Основање и промени во трговски друштва

Советуваме и ја подготвуваме документацијата за основање на сите правни форми на трговски друштва и други субјекти (ТП, ДООЕЛ, ДОО, АД, КД, ЈТД, ПДОО, здруженија, подружници на странски друштва и организации). Изготвуваме основачки акти, договори и други потребни документи.

Вршиме регистрација на промени во Централниот регистар, како што се:

  • промена на седиште, управител или дејност;
  • зголемување или намалување на основната главнина;
  • промена на работното време и на други регистрирани податоци.

Статусни измени и трговски спорови

Советуваме и застапуваме при спојување, присоединување, поделба и продажба на трговски друштва. Застапуваме и во трговски спорови пред судовите.

Ликвидација и стечај

Даваме правна помош во постапки за ликвидација и стечај на трговски друштва, како и при наплата на побарувања во рамките на стечајна постапка.

Индустриска сопственост и заштита на потрошувачите

Застапуваме пред Државниот завод за индустриска сопственост при регистрација на трговски марки, патенти, индустриски дизајни и географски ознаки. Советуваме за усогласување и примена на Законот за заштита на потрошувачите.