Област на работа

Работни односи

Договори за вработување, интерни акти, откази и дисциплински постапки, безбедност при работа, дозволи за работа на странци и работни спорови.

Трудовото право ги уредува правата и обврските на работодавачите и вработените, од засновањето до престанокот на работниот однос. Даваме правна поддршка и на работодавачи и на вработени: од изготвување договори и интерни акти, преку откази и дисциплински постапки, до застапување во работни спорови.

Советување, договори и интерни акти

  • Даваме правни совети за сите аспекти на работните односи и поддршка на тимовите за човечки ресурси при изготвување документи и примена на прописите.
  • Подготвуваме договори за вработување, менаџерски и консултантски договори, како и акти и правилници од областа на работните односи.
  • Помагаме при пријава и одјава на работници.
  • Даваме поддршка при преземање на работници во случај на статусни измени на друштвото.
  • Советуваме и подготвуваме акти за усогласување со Законот за безбедност и здравје при работа, според видот на дејноста.

Откази, дисциплински постапки и заштита на вработените

Советуваме при откажување на договорот за вработување од деловни причини, поради технолошки вишок или поради вина на работникот. Подготвуваме опомени, дисциплински правилници и акти во постапката за отказ, во согласност со законот. Даваме правна заштита во случаи на дискриминација и вознемирување на работното место.

Странски работници

Даваме правна помош при добивање дозволи за работа и при вработување странски државјани.

Работни спорови и надомест на штета

Застапуваме во судски и вонсудски работни спорови, како и во постапки за надомест на штета предизвикана од работник.