Област на работа

Парнични постапки

Застапување во граѓански спорови: тужби и одговори на тужби, рочишта, медијација, жалби, ревизии и повторување на постапката.

Во парничната постапка судовите одлучуваат за граѓанските спорови меѓу физички и правни лица. Застапуваме во сите видови граѓански спорови пред судовите во Република Северна Македонија, во секоја фаза од постапката: од подготовка на поднесоци, преку рочишта и медијација, до жалбена постапка и вонредни правни лекови. Парничната постапка се води според строги процесни правила и рокови, па навременото и целосно подготвување на поднесоците и доказите има големо значење.

Подготовка на поднесоци

Изготвуваме тужби, одговори на тужби, противтужби и други процесни поднесоци, во согласност со законските барања. Пред поднесувањето ги анализираме правната основа на барањето и расположливите докази.

Застапување на рочишта и медијација

Застапуваме на судски рочишта и во постапки за медијација, водејќи сметка за интересите на странката и за трошоците на постапката. Во медијацијата странките можат спогодбено да го решат спорот без судска одлука.

Правни лекови

Подготвуваме и поднесуваме редовни и вонредни правни лекови:

  • жалби против првостепени одлуки;
  • ревизии;
  • предлози за повторување на постапката.

Видови спорови

Застапуваме во предмети поврзани со:

  • надомест на материјална и нематеријална штета;
  • имотно-правни спорови (сопственост, владение, службености);
  • облигационо-правни спорови (договори, раскинување, неисполнување, ништовност).