Странци и дозволи за престој

Дозвола за престој на странец во РС Македонија (брак)

Илустрација: Дозвола за престој на странец во РС Македонија (брак)

Потребни документи за брак: прво поднесување

  1. Барање за издавање/продолжување на дозволата за привремен престој, образец бр. 2, со уплатница од 50 денари за административна такса.
  2. Извод од матична книга на венчани (венчаница), не постар од шест месеци, во оригинал.
  3. Извод од матична книга на родени, преведен на македонски и заверен кај нотар.
  4. Копија од патна исправа заверена кај нотар и превод на патната исправа заверен кај нотар (со новото презиме по склучување брак).
  5. Копија од лична карта на македонскиот државјанин.
  6. Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан или куќа, доказ за сопственост на стан или куќа доколку поседува, договор/потврда за користење услуги за сместување од правни лица кои вршат угостителска дејност.
  7. Доказ дека е неосудуван и дека не се води кривична постапка против странецот во државата во која престојувал во годината пред поднесување на барањето, со документи што се издаваат во зависност од државата (оригинал).
  8. Картонче од полициска станица за пријавена адреса (се доставува кога лицето ќе биде повикано за фотографирање).

Потребни документи за брак: продолжување

  1. Барање за издавање/продолжување на дозволата за привремен престој, образец бр. 2, со уплатница од 50 денари за административна такса.
  2. Извод од матична книга на венчани (венчаница), не постар од шест месеци, во оригинал.
  3. Копија од патна исправа заверена кај нотар и превод на патната исправа исто така заверен кај нотар.
  4. Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан или куќа, доказ за сопственост на стан или куќа доколку поседува, договор/потврда за користење услуги за сместување од правни лица кои вршат угостителска дејност.
  5. Здравствено осигурување (полиса или друг документ со кој се потврдува дека барателот има обезбедено здравствено осигурување).
  6. Доказ за обезбедени средства за егзистенција (извод од сметка во банка, доказ за работен однос, договор за вработување, потврда од работодавач и М1/М2, доказ за месечни приходи, изјава од родители со доказ за егзистенција, на пр. чек од пензија или извештај од плата).
  7. Копија од лична карта на македонскиот државјанин.
  8. Копија од претходното решение и дозволата за престој (лична карта).

Поднесување и такси

  • Документите се поднесуваат во Приемно одделение, канцеларија 901 (зграда на МРТВ, 9 кат), во вторник и четврток од 10:00 до 15:00 часот, подредени по горенаведениот редослед.
  • Барањето може да го поднесе лично странецот или брачниот другар.
  • Кога лицето ќе биде повикано да го подигне решението и да се фотографира, се плаќа такса од 4.000,00 денари и такса од 2.150,00 денари.
  • Државјаните на Србија, Црна Гора и Косово плаќаат само 4.000,00 денари.

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатено или разбрано како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се разгледаат посебно, и затоа за правен совет Ви препорачуваме да контактирате стручно лице, адвокат.

Област на работаСтранци и дозволи за престој

Имате слично правно прашање?

Опишете ја ситуацијата и ќе ве поврземе со вистинскиот адвокат од тимот.

Закажи бесплатна консултација