Странци и дозволи за престој

Дозвола за престој на странец во РС Македонија (вработување)

Илустрација: Дозвола за престој на странец во РС Македонија (вработување)

Потребни документи за вработување: прво поднесување

  1. Барање за издавање/продолжување на дозволата за привремен престој, образец бр. 2, со уплатница од 50 денари за административна такса.
  2. Доказ за регистрација, односно упис во Централниот регистар (тековна состојба), не постар од шест месеци.
  3. Образложение за потребите за вработување на странецот.
  4. Доказ за соодветно образование или специфична стручна оспособеност на странецот, издаден од овластен орган или институција (не е потребен при самовработување).
  5. Потпишан договор за вработување помеѓу работодавачот и странецот (не е потребен при самовработување).
  6. Копија од патна исправа заверена кај нотар и превод на патната исправа заверен кај нотар.
  7. Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан или куќа, доказ за сопственост на стан или куќа доколку поседува, договор/потврда за користење услуги за сместување од правни лица кои вршат угостителска дејност.
  8. Доказ дека е неосудуван и дека не се води кривична постапка против странецот во државата во која престојувал во годината пред поднесување на барањето, со документи што се издаваат во зависност од државата.
  9. Гаранција и писмена изјава заверени кај нотар (не се потребни при самовработување).
  10. Картонче од полициска станица за пријавена адреса (се доставува кога лицето ќе биде повикано за фотографирање).

Потребни документи за вработување: продолжување

  1. Барање за издавање/продолжување на дозволата за привремен престој, образец бр. 2, со уплатница од 50 денари за административна такса.
  2. Доказ за регистрација, односно упис во Централниот регистар (тековна состојба), не постар од шест месеци.
  3. Образложение за потребите за вработување на странецот.
  4. Доказ за соодветно образование или специфична стручна оспособеност на странецот, издаден од овластен орган или институција (не е потребен при самовработување).
  5. Потпишан договор за вработување помеѓу работодавачот и странецот (не е потребен при самовработување).
  6. Копија од патна исправа заверена кај нотар и превод на патната исправа заверен кај нотар.
  7. Здравствено осигурување во Република Северна Македонија (потврда од Фондот за здравствено осигурување).
  8. Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан или куќа, доказ за сопственост на стан или куќа доколку поседува, договор/потврда за користење услуги за сместување од правни лица кои вршат угостителска дејност.
  9. Копија од претходното решение и дозволата за престој (лична карта).

Поднесување и такси

  • Документите се поднесуваат во Приемно одделение, канцеларија 901 (зграда на МРТВ, 9 кат), во вторник и четврток од 10:00 до 15:00 часот, подредени по горенаведениот редослед.
  • Барањето може да го поднесе лично странецот, адвокат со полномошно или вработен во фирмата како правник.
  • Кога лицето ќе биде повикано да го подигне решението и да се фотографира, се плаќа такса од 4.000,00 денари и такса од 2.150,00 денари.
  • Државјаните на Србија, Црна Гора и Косово плаќаат само 4.000,00 денари.

Напомена: Оваа објава не претставува правен совет и не може да се смета за упатство за постапување во конкретен случај. Доколку сакате правно советување, закажете консултација преку формата за контакт или на телефонскиот број +389 75 851 918.

Област на работаСтранци и дозволи за престој

Имате слично правно прашање?

Опишете ја ситуацијата и ќе ве поврземе со вистинскиот адвокат од тимот.

Закажи консултација