Корица на публикацијата „Подобрување на безбедноста на новинарите преку измена на Кривичниот законик: анализа на меѓународни стандарди и домашна регулатива“

Публикација

Подобрување на безбедноста на новинарите преку измена на Кривичниот законик: анализа на меѓународни стандарди и домашна регулатива

Автори
Костадин Богданов
Иван Брешковски
Драган Секуловски
Издавач
Фондација Конрад Аденауер во Северна Македонија
Година
2020

Преземи ја публикацијата ↗

Датум на објавување: 15 декември 2020

Издавачи: Фондација Конрад Аденауер во Северна Македонија и Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

Автори: адвокат Костадин Богданов, адвокат Иван Брешковски, м-р Драган Секуловски

Целта на анализата е да им помогне на новинарите, медиумските работници, судиите, обвинителите, адвокатите и Министерството за правда во примената на меѓународните стандарди за заштита на новинарите во Кривичниот законик.

Анализата ги продолжува напорите на ЗНМ за подигање на јавната свест за безбедноста на новинарите и за штетата од воспоставената практика на неказнивост за сторителите на дела насочени кон новинарите и медиумските работници.

Анализата ја нагласува важноста на Кривичниот законик и на Законот за кривичната постапка за зајакнување на безбедноста на новинарите и медиумските работници, преку коментари за постапувањето на обвинителите по пријавени кривични дела и на комисиите за прекршоци во Министерството за внатрешни работи по пријавени прекршоци.

Публикацијата може бесплатно да се преземе на македонски и албански јазик, и на страницата на Фондацијата Конрад Аденауер ↗.