Политика за приватност

1. Вовед

Оваа Политика за приватност објаснува како адвокатскиот тим LexTeam и веб-страницата lexteam.mk ↗ (во понатамошниот текст: „ние“, „нас“ или „Контролор“) ги собираат, користат и заштитуваат личните податоци на посетителите на веб-страницата и на лицата кои ни се обраќаат (во понатамошниот текст: „Вие“ или „Субјект на податоци“). Политиката е усогласена со Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РС Македонија бр. 42/2020, 294/2021 и 101/2025, во понатамошниот текст: „ЗЗЛП“).

2. Контролор на лични податоци

  • Назив: Адвокат Иван Брешковски, за LexTeam (заедница на адвокати), Бул. Илинден 5/27, 1000 Скопје, РС Македонија
  • Е-пошта: info@lexteam.mk
  • Телефон: +389 75 851 918
  • Офицер за заштита на личните податоци: Иван Брешковски

3. Формулар за контакт

Кога доброволно ни пишувате преку формуларот за контакт, ги обработуваме следниве податоци:

  • име и презиме;
  • адреса на е-пошта;
  • телефонски број (незадолжително);
  • област на интерес;
  • содржина на пораката;
  • јазикот на страницата од која е испратена пораката.

Цел на обработката: да одговориме на Вашето прашање или барање и, доколку сакате, да договориме состанок.

Правна основа: Вашата јасно изразена согласност (со штиклирање на полето за согласност пред испраќање на формуларот) и преземање чекори на Ваше барање пред евентуално склучување договор за адвокатски услуги.

Кој ги прима податоците: пораките ги прима и чува нашиот давател на хостинг услуги Netlify, Inc. (САД), кој потоа ги проследува по е-пошта до членовите на тимот. Преносот на податоци во САД се врши врз основа на стандардни договорни клаузули.

Рок на чување: податоците од формуларот ги чуваме онолку колку што е потребно за да го обработиме Вашето барање, по што ги бришеме, освен ако меѓу нас не се воспостави ангажман.

Важно: испраќањето порака преку формуларот не воспоставува однос адвокат-клиент. Ве молиме во пораката да не наведувате доверливи детали за Вашиот случај. Нив ќе ги разгледаме дури откако ќе се договориме за ангажман.

4. Клиенти

Доколку по Вашето барање се воспостави полномошнички или договорен однос, за целите на давање адвокатски услуги ги обработуваме податоците потребни за тоа: име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ, број на лична карта, адреса на е-пошта и телефонски број. Овие податоци се чуваат онолку колку што бараат професионалните обврски на адвокатот и законските рокови на застареност.

5. Хостинг и серверски записи

Веб-страницата е хостирана кај Netlify, Inc. (САД). При секоја посета, серверот автоматски евидентира технички податоци, вклучително и Вашата IP-адреса, заради безбедност на страницата и нејзино испорачување. Преносот во САД се врши врз основа на стандардни договорни клаузули.

6. Услуги на трети страни

  • Google Fonts: фонтовите на страницата се вчитуваат од серверите на Google, поради што Google ја добива Вашата IP-адреса.
  • Google Maps: мапата во делот за контакт се вчитува само откако ќе кликнете на „Прикажи мапа“. Дури тогаш Google добива податоци од Вашиот прелистувач.
  • Копчиња за споделување (LinkedIn, Facebook, WhatsApp, Viber): се обични линкови. Соодветната услуга се отвора и добива податоци само ако кликнете на нив.
  • Нашите профили на Facebook, YouTube и LinkedIn: се линкови кон надворешни платформи. По кликнувањето важат правилата за приватност на тие платформи.

7. Колачиња и локално складирање

Веб-страницата не користи рекламни колачиња ниту какво било следење. За бројот на посети користиме Netlify Analytics, кој ги брои посетите од серверските записи, без колачиња и без да Ве идентификува; податоците се збирни и анонимни. Затоа не бараме согласност за колачиња, туку само Ве известуваме. Единствено, во локалната меморија (local storage) на Вашиот прелистувач се зачувува јазикот што сте го избрале (македонски, англиски или албански), за да не мора да го избирате повторно. Овој запис можете да го избришете во секое време преку поставките на прелистувачот.

8. Права на субјектот на податоци

Согласно ЗЗЛП, ги имате следниве права:

  • право на пристап (да добиете информација кои Ваши податоци ги обработуваме);
  • право на исправка на нецелосни или неточни податоци;
  • право на бришење („право да се биде заборавен“), освен ако постои законска обврска за чување;
  • право на ограничување на обработката;
  • право на приговор на обработката;
  • право на преносливост на податоците;
  • право на повлекување на согласноста во секое време, при што повлекувањето не влијае на законитоста на обработката пред повлекувањето;
  • право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.

За остварување на овие права, пишете ни на info@lexteam.mk, јавете се на +389 75 851 918 или обратете се на адресата Бул. Илинден 5/27, 1000 Скопје.

9. Агенција за заштита на личните податоци

Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци не е во согласност со ЗЗЛП, имате право да поднесете барање за утврдување повреда или известување за нарушување на безбедноста на личните податоци до:

  • Агенција за заштита на личните податоци на РС Македонија
  • Адреса: Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, 1000 Скопје
  • Веб-страница: azlp.mk ↗
  • Е-пошта: info@privacy.mk

Формулари, обрасци и насоки за остварување на Вашите права се достапни на azlp.mk/gragjani/obrasci-formulari-i-uslugi ↗.

10. Измени

Оваа Политика може да ја измениме кога ќе се промени начинот на кој работи веб-страницата. Важечката верзија секогаш е објавена на оваа страница.

Последен пат ажурирано на 21.09.2026 г.