Област на работа

Управни постапки

Застапување пред министерства, агенции, катастар и општини, жалби, управни спорови пред Управниот суд, дозволи, јавни набавки и прекршочни постапки.

Управното право опфаќа голем број постапки во кои физичките и правните лица остваруваат права или исполнуваат обврски пред органите на државната и локалната власт. Овие постапки се формални и често бараат прецизно подготвена документација и почитување на роковите. Даваме правна помош и застапување во управни постапки и управни спорови.

Застапување пред државни и општински институции

Застапуваме пред министерства, агенции, катастарот, општините и други органи и институции со јавни овластувања, во сите фази од постапката, водејќи сметка за законитоста и за роковите.

Поднесоци, жалби и управни спорови

  • Подготвуваме барања, поднесоци и жалби во управни постапки.
  • Застапуваме во управни спорови пред Управниот суд, вклучително и во постапки за поништување на управни акти, по одбиени барања и против други решенија.

Дозволи, лиценци и согласности

Советуваме за постапките за добивање дозволи, лиценци, согласности и други управни одобренија и за документацијата што е потребна во нив.

Јавни набавки и прекршочни постапки

Подготвуваме понуди и жалби во постапки за јавни набавки, прегледуваме рамковни спогодби и даваме консултации во оваа област. Застапуваме и во прекршочни постапки, во сите фази, вклучително и пред Управниот суд.