Област на работа

Семејно и наследно право

Развод, поделба на имот, старателство и издршка, татковство и мајчинство, деловна способност, оставински постапки, тестаменти и доживотна издршка.

Семејното и наследното право се области од особено лично значење, во кои правните прашања се поврзани со односите во семејството. Даваме правна помош и застапување во семејни и наследни предмети, со внимание, дискреција и почит кон личниот карактер на секој случај.

Бракоразводни постапки и родителски права

Застапуваме во бракоразводни постапки и во постапки за поделба на имот стекнат во брак. Застапуваме и во постапки за старателство над деца, како и за издршка на деца или на брачен другар, водејќи сметка за интересот на децата.

Татковство, мајчинство и деловна способност

  • Советуваме и застапуваме во постапки за утврдување или оспорување на татковство и мајчинство.
  • Даваме правна помош во постапки за продолжување на родителското право по полнолетство.
  • Застапуваме во постапки за одземање на деловна способност.

Наследни постапки и тестаменти

  • Даваме правна помош при распределба на оставина врз основа на закон или тестамент, вклучително и при распределба на новопронајден имот.
  • Составуваме тестаменти.
  • Застапуваме во постапки за прогласување и за оспорување на тестаменти.

Имотни односи и договори

Изготвуваме договори за распределба на имот за време на живот, договори за доживотна издршка и други акти со кои се уредуваат имотните односи меѓу членовите на семејството.