Област на работа

Останати правни услуги

Усни и писмени правни совети, правни мислења и анализи, составување правни акти, медијација и арбитража и заштита на личните податоци (GDPR).

Покрај застапувањето во постапки пред судовите и другите органи, правната помош често опфаќа совет, анализа или правилно подготвен документ пред да настане спор. Во оваа група спаѓаат услугите што се применуваат во сите области на нашата работа, како и заштитата на личните податоци и мирното решавање на спорови.

Правни совети и мислења

Даваме усни и писмени правни совети во сите области на работа. Подготвуваме правни мислења, анализи и препораки за конкретниот случај, вклучително и анализи за можноста за поднесување апликација до Европскиот суд за човекови права.

Составување правни акти и документи

Составуваме различни правни акти и документи, меѓу кои:

  • изјави;
  • барања и поднесоци до органи и институции;
  • опомени пред тужба;
  • други документи потребни за заштита на правата на странката.

Медијација и арбитража

Застапуваме во постапки за мирно решавање на спорови, медијација и арбитража, како алтернатива на судската постапка.

Заштита на личните податоци (GDPR)

Советуваме за усогласување на работењето со Законот за заштита на личните податоци и со Општата регулатива на ЕУ за заштита на податоците (GDPR). Изготвуваме потребни акти и даваме поддршка при ангажирање офицер за заштита на личните податоци (DPO).