Област на работа

Имотно и градежно право

Купопродажба, дарување и размена на недвижности, договори за соинвеститорство и градба, дозволи за градба, упис во Катастарот и денационализација.

Имотните и градежните прашања бараат прецизност и внимание кон секој детал, бидејќи се однесуваат на значајни вредности и на права што се запишуваат во јавни книги. Даваме правна поддршка на физички и правни лица, инвеститори и компании при трансакции и постапки поврзани со недвижности и градежни проекти: од купопродажба и делба на имот до заедничко инвестирање и упис на објекти во Катастарот.

Договори и имотни односи

  • Советуваме и составуваме договори за купопродажба, дарување и размена на недвижности и за уредување на имотните односи.
  • Даваме правна помош при формирање градежни парцели и физичка делба.
  • Застапуваме во постапки за приватизација и денационализација.

Градежни и инвестициски договори

Подготвуваме договори за соинвеститорство, заедничка градба, проектирање и надзор, со кои се уредуваат правата и обврските на сите учесници во проектот. Анализираме и составуваме обемни договори со странски инвеститори, во согласност со домашното и меѓународното право.

Дозволи, Катастар и упис на недвижности

  • Даваме правна помош во постапки за добивање одобренија за градење, одобренија за употреба и други управни акти поврзани со градбата.
  • Застапуваме при упис на градежни објекти во Катастарот на недвижности.
  • Застапуваме и при упис на промени во сопственичката структура или во намената на објектот.