Во медиумите
„Опасна мрежа“: документарец на ПИНА за онлајн вознемирувањето врз новинарките
„Опасна мрежа“ е краток документарец во продукција на ПИНА (Платформа за истражувачко новинарство и анализи) за онлајн вознемирувањето кое ги таргетира новинарките во земјата. Шест новинарки кои работат на медиумската сцена зборуваат за различните видови онлајн вознемирување со кои се соочиле поради нивната работа.
Во документарецот учествува и адвокат Иван Брешковски, кој зборува за нападите врз новинарките и за правната заштита од онлајн вознемирување.


