Во медиумите
Говор на омраза
Пренесено од: МРТMRT, Macedonian Radio Television (mrt.com.mk)MRT, Radiotelevizioni i Maqedonisë (mrt.com.mk) ↗
Објавено и во: МРТ Play, видео од Дневник 2MRT Play, Dnevnik 2 video (play.mrt.com.mk)MRT Play, video nga Dnevnik 2 (play.mrt.com.mk) ↗

ТВ прилог во Дневник 2 на МРТ, 9 септември 2023. Во прилогот изјава дава и адвокатот Иван Брешковски.
Објава на новинарска содржина на социјалните мрежи, под неа стотици коментари, голем дел полни со омраза, осудување, закани или сексизам...
Вест за изгубени девојчиња. А под неа стотици коментари на социјалните мрежи. Дел со страв и желба да се пронајдат и уште поголем дел со навреди и осудувања за изгубените.
Ова е само еден од стотици примери кои стануваат секојдневие на социјалните мрежи. Содржините што се креираат и се споделуваат во онлајн-просторот сè уште во голема мера се перципираат како безопасни. Споделувањето невистинити и злонамерни содржини, кои најчесто се вознемирувачки за лицата кон кои се насочени, сè уште се третира како феномен што се одвива изолирано, во еден „нереален“ свет, и како резултат на тоа се амнестираат неговите негативни ефекти во „реалниот“. Ова се констатации во последната анализа на родово базирани содржини на Институтот за комуникациски студии.
Во неа се вели дека слободата во однос на анонимноста што ја овозможуваат социјалните медиуми создаде простор што значајно ги охрабри луѓето да ги вербализираат своите мислења и ставови, но и да креираат невистинити и злонамерни содржини, без страв од одговорност, односно дека ќе бидат казнети.
Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски, вели дека медиумите мораат да водат строга контрола за коментарите на каналите кои тие ги организираат.
Жените се сè уште најчеста и најлесна мета во сексистичкиот говор на коментарите. Од Советот за етика во медиумите велат дека веќе имале пријави за вакви случаи.
Новинарките како авторки на содржина се исто така честа мета на закани и навреди. Адвокатот Иван Брешковски кој работи на вакви предмети вели дека кога жените новинарки се соочуваат со напади онлајн, формите на дискриминација се вкрстуваат.
Говорот на омраза во Македонија се регулира преку Кривичниот законик но исто така и преку специјализираните закони како што се насилство врз жените, Законот за дискриминација, имплементацијата на Истанбулската конвенција. Сепак, сè уште постои проблем за идентификување на овие дела а потоа и за гонење на виновниците.
Катерина Топалова


